Почина актерот Мустафа Надаревиќ

by fokus

Легендарниот актер од Екс-Ју просторите, Мустафа Надаревиќ почина по долга битка со тешко боледување на 77-годишна возраст.

Тој боледувал од рак на белите дробови, неодамна бил отпуштен од болницата и бил во куќата во Загреб, а според медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.

Во јануари, на Надаревиќ му бил дијагностициран рак на белите дробови, а во февруари пристигнала вест дека се чувствува подобро.

На почетокот на март, Надаревиќ пристигна во Сараево да снима нови епизоди од серијата ,,Луд, збунет, нормален” во која ја игра главната улога, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Потоа се врати во Загреб и на крајот на март рече дека е во болница.

“Сè уште сум во болница. Не знам кога ќе бидам надвор. Не знам што друго да кажам за мојата состојба”, рече тој кратко за Аваз во тоа време.

Поврзани новости