495
Како последица на корона вирусот почина 56- годишен пациент од Прилеп.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму информираат и дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
– Скопје 2
– Штип 1
– Прилеп 4
– Велес 2
– Кочани 2
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.