594
Почина заменик шефот на мисијата во британската амбасада во Будимпешта, Стивен Дик, кој беше заразен со вирусот Ковид-19, соопшти денеска Форин офисот.
Како што е наведено во соопштението, 37-годишниот дипломат починал вчера во Унгарија.
Дик беше заменик на британскиот амбасадор во Унгарија од декември минатата година.