По забава во австрискиот град Вилах 80 лица ставени во карантин

by fokus

По забава во австрискиот град Вилах, на која имало многу познати личности, вклучувајќи го и секретарот за здравство на градот, Кристијан Побер, 80 лица морале да бидат ставени во карантин.

Имено, на забава дошол и еден угостител за кого било утврдено дека е заразен со корона вирусот.

Со ова е формиран нов кластер на корона вирусот во провинцијата Каринтија.

Полицијата била повикана на забавата затоа што не се почитувале правилата за заштита. Поради повеќе стотици гости на забавата, властите на Вилах поставија станица за тестирање во едно училиште.

Поврзани новости