По четири години, Скопје ЗОО има бебе белоглав мршојадец

by fokus

Во Зоолошката градина Скопје, по четири години повторно има бебе белоглав мршојадец, животински вид кој е пред истребување. Од зоолошката објавија слика од младенчето, за кое се грижеле родителите.

-После четири години имаме и бебе белоглав мршојадец што особено не радува бидејќи овој вид е загрозен.

Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.

Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.
Мило ни е што и во минатото и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување- информираат од ЗОО Скопје.

Покрај белоглавиот мршојадец, деновиве принова добил и хималајскиот тар.

Вики Клинчарова

Поврзани новости