Грција ќе се бори Западен Балкан да влезе во ЕУ до 2033 година

by fokus

Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во насока да се постигне она што го кажа премиерот, до 2033 година Западен Балкан да биде дел од европското семејство, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по завршувањето на Самитот во Солун во петокот, како и во неговата колумна за „Политико“, предложи до 2033 година Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, со првиот чекор одлука за две седмици за Северна Македонија и Албанија.

Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа колку е реална предожената цел и дали грчката Влада за конкретниот предлог разговарала со европските партнери, со оглед на тоа дека некои земји ја блокираат интеграцијата на други земји, Иконому рече дека грчката Влада ќе работи за постигнување на целта.

-Премиерот ја изрази намерата на грчката Влада да придонесе во оваа насока.  Постојат процедури и конкретни предуслови што треба да ги исполнат земјите кандидати за членство за  да станат дел од европското семејство.  Се надеваме, посакуваме и грчката Влада ќе работи во оваа насока, за она што го кажа премиерот, до 2033 година да може да се постигне, рече Иконому.

Поврзани новости