Петровска: Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има

by Fokus

Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има. Извонредна средба во Љубљана со колегата, Марјан Шарец, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– Ја потврдивме традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО и реафирмиравме дека споделуваме иста визија за регионот – стабилност, мир и безбедност. Оваа година имаме голем број заеднички вежби, тренинзи и активности, а најзначајна е соработка во #НАТО мисијата за зајакнато истурено присуство во Латвија каде македонските мировници се дел од словенечкиот контингент, објави Петровска.

Поврзани новости