Абазовиќ поднесе иницијатива за разрешување на двајца министри

by Fokus

Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска пред Собранието на Црна Гора ќе поднесе иницијатива за разрешување на министерот за одбрана Рашко Коњевиќ и министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ, потврдија за  РТЦГ од Кабинетот на Владата на Црна Гора.

Член на Владата во таа држава се разрешува со мнозинство гласови од сите пратеници.

Претседателот на „Вистинска Црна Гора“ и пратеник Марко Милачиќ пред неколку дена испрати иницијатива до Абазовиќ со која бара во Собранието да се покрене постапка за разрешување на Коњевиќ и Кривокапиќ.

Поврзани новости