Петар Грашо синоќа им пееше на струмичани

by Fokus

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо синоќа имаше концерт со ограничен број на гости во познат струмички локал.

Од локалот настанот го најавија како ексклузивен концерт, со ограничен број на гости, за кои било подготвено специјално мени, по цени од 3.500 денари од лице за ВИП маса, а за останатите од 2.500 и 3.000 денари од лице.

Веселата атмосфера и гостите кои играат и во еден глас ги пеат хитовите на музичарот се споделуваа на социјалните мрежи, а Грашо доби комплименти дека е одличен мајстор за добра забава.

Пред тоа, тој беше во Македонија во месец август и имаше концерти во Дојран и Охрид.

Периодов во медиумите во регионот е актуелен поради случувањата во приватниот живот, односно поради прекинот на врската со пејачката Данијела Мартиновиќ, по 24 години поминати заедно.

Пред три дена тој јавно се огласи по повод гласините дека е во врска со Хана, која е ќерка на неговиот долгогодишен пријател и соработник Тончи Хуљиќ.

-Колку повеќе го кријам приватниот живот, толку повеќе медиумите се интересираат за него. Хана е многу добра и ние сме среќни и задоволни – изјави музичарот за хрватските медиуми

Вики Клинчарова

Поврзани новости