Пендаровски се разочарал од Јанева, а со Боки 13 се сретнал 2 пати

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски денеска јавно изрази разочараност од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од, како што рече, она што го слушнал во објавените материјали за случајот „Рекет“.

-Како граѓанин сум разочаран што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекувавме да се борат за правна држава. Свесен за мојата одговорност како претседател на сите граѓани и мојата должност да ги штитам интересите на државата и нејзините граѓани, нејзиниот  просперитет и безбедност, како и реализацијата на стратешките надворешно-политички цели кон кои изминативе две години забрзано се движиме – НАТО и ЕУ барам од надлежните институции  ефективно, брзо и темелно завршување на  истрагата почитувајќи го начелото на презумпција на невиност  -изјави тој.

Притоа, Пендаровски посочи дека двапати се сретнал со првосоомничениот Бојан Јовановски – еднаш во 2016 година во Кампот на слободата пред Владата и втор пат неодамна при неговото гостување во 1 ТВ, меѓутоа, истакна претседателот, тоа било најобично пиење кафе.

Поврзани новости