Пехчевски: Со која цел директорката Фуштиќ ми праќа психијатар со таблети?

by fokus

Игор Пехчевски кој се бори да го добие лекот за цистична фиброза денеска повторно и се обрати на директорката на Болницата за детски болести, за која претходно рече дека му се заканила дека доколку продолжи да дава изјави, за него ќе нема место во болницата.

-Втор кикс на доктор Стојка Фуштиќ, лично од неа нарачано да дојде дежурната докторка на Детска клиника и да ми даде телефонски да разговарам, дека за кратко време ќе стаса психијатар со таблети за мене⁉️
Се прашувам која ли е целта?
П.С Д-р Стојка Фуштиќ ако имате нешто да ми кажете повелете знаете каде сум, порачува Пехчевски.

Поврзани новости