Отворени е-маил и телефонски броеви за пријавување на непочитување на мерките против Ковид -19

by fokus

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии. Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државан инспекторат за труд  poplaki@dit.gov.mk
151 31

-Државен пазарен инспекторат  nepravilnosti@dpi.gov.mk
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат  prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство  sin@fva.gov.mk
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт  prijavi@dti.gov.mk

-Агенција за лекови и медицински средства  prijavi@malmed.gov.mk

Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен.

– Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во владиното соопштение.

Поврзани новости