Османи: Мора да се продолжи се што е почнато од СЈО

by Fokus

Европската комисија на 17 мај кажа дека Република Северна Македонија ги има исполнето критериумите и му препорачува на Советот да одобри датум за преговори, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата со директорот за државни патишта, Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги испонува критериумите за почеток на преговори со ЕУ.

– Денеска имав средба со еврокомесарот Јоханес Хан и кажав дека нашето мото во овој период по јуни беше реформи – реформи до октомври. Ние не застануваме и покрај тоа што Комисијата има констатирано дека сме ги исполниле сите услови. Прашањето што до октомври треба да го заокружиме е законот за Јавно обвинителство и тука ставовите на сите ни се јасни. Како вицепремиер за европски прашања и како претставник на ДУИ можам да кажам дека нашите основи постулати се два, а тоа е дека мора да има обвинителство односно институција која ќе се занимава со висока корупција и второ дека мора да се продолжи со тоа што е почнато од страна на Специјалното јавно обвинителство, нагласи Османи.

Тој појаси дека  пред три дена седница на Влада е поминат законот за Јавното обвинителство, и дека тие како ДУИ го одобриле, како што рече, имајќи предвид дека се испочитувани двата постулата. Османи појасни дека останало отворено само прашањето за употреба на јазикот и за „Бадентер“ за овој закон. Според него, дополнително е оставено пристор да се реагира преку амандмани или да се врати на Влада па да се препрати во Собранието за да се реши прашањето за јазикот во овој закон.

Поврзани новости