Одземањето на безбедносниот сертификат на Чулев е политичка нарачка, тврди Мицкоски

by Fokus

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан ницкоски, во интервјуто за Дојче Веле најави дека во втората половина на август, партијата ќе излезе со прецизни решенија за референдумот, кои како што вели, „ќе значат плебицитарно изјаснување на народот и давање на можност да се урнат овие штетни политики и очигледни блокади“.

Коментирајќи ја суспензијата од Агенцијата за разузнавање на партискиот предлог на ВМРО ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада. Мицкоски нагласи дека му дава целосна поддршка на Наќе Чулев.

-Изговорот е дека Чулев бил екстремист и радикал, а тој секогаш бил во првите редови за Македонија. Одземањето на безбедносниот сертификат е политичка нарачка. Чулев е врвен професионалец кој повеќе од 25 години работи во безбедносните структури, штитејќи го уставниот поредок и безбедноста на Македонија. Тоа парче хартија кое се пишува во политичките кабинети на безбедносните служби е само хартија каде по партиска директива и со мериторно мислење се прави партиски реваншизам“, вели меѓу другото претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поврзани новости