Од 1.124 активни случаи на Ковид-19, 159 се на болничко лекување

by fokus

Изминатите 24 часа се регистрирани нови 125 заболени од корона вирусот, а бројот на активни случаи се искачи на 1.124. Дел од нив се хоспитализирани, поточни 159, а останатите се на домашно лекување.

Според податоците на Министерството за здравство, на Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 58 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 27 пациенти, а во моментот нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ вкупно се лекуваат 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости