Облачно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје и во околината променливо облачно, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани новости