Нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата

by fokus

Два нови случаи на корона вирус се регистрирани во Тиквешијата. Се работи за здравствена работничка од Кавадарци на возраст од 25 години, и маж на возраст од 28 години од Демир Капија.

Според информации од Центар за јавно здравје Кавадарци, новорегистрираната здравствена работничка навела во анкетата дека била во контакт со жена од Неготино на возраст од 71 година, која пред четири дена беше дијагонстицирана како позитивна на вирусот и моментално се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје. Мажот од Демир Капија пак, навел дека не знае од кого и како се инфицирал.

-И двајцата нови пациенти засега се на домашно лекување. Здравствената работничка од Кавадарци потврди дека била во контакт со позитивната жена од Неготино. Пациентот од Демир Капија не знае како се инфицирал.
Пројавил симптоми и покачена температура, по што му беше земен брис, а резултатот излезе позитивен. Се работи за лице кое се занимава со трговија на зеленчук, се утврдуваат контактите на новите Ковид-19 позитивни пациенти од Тиквешијата – изјавија од центарот.

Вчера во Општина Кавадарци беше регистриран нов случај на корона вирусот кај лице на возраст од 83 години, жител на село Дреново, кој не излегувал многу и навел дека единствено одел на лекарски контроли поради други дијагнози.

Според здравствени работници со кои разговараше ,,Фокус” веројатно е дека низ Тиквешијата има асимптоматски случаи на вирусот, кои и не знаат дека се позитивни, па несвесно го шират вирусот.

-Многу е веројатно дека младите кои шетаат и се дружат се чести преносители на Ковид-19 без да бидат свесни за тоа, бидејќи немаат симптоми. Во последните четири дена во Тиквешијата имаме два случаи на корона вирус кај повозрасни пациенти кои и не излегувале од дома, па големи се шансите некој од помладите членови на семејствата несвесно да им го пренеле вирусот- велат тие.

Вики Клинчарова

Поврзани новости