Нови случаи на Ковид-19 во Неготино и Демир Капија

by fokus

Маж од Неготино на возраст од 56 години е инфициран со Ковид -19. Пациентот веќе две недели бил на клиника во Скопје, поради претрпен мозочен удар.

Според информации од негови блиски, до кои дојде ,,Фокус”, пред неколку дена на одделението каде тој престојувал била примена жена од Дебар, за која подоцна се испостави дека е позитивна на вирусот.

Никој од неговите блиски немал контакт со него во изминатите две недели, бидејќи бил на интензивна нега.
Информацијата ја потврдија и од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Исто така, има нов регистриран случај на вирусот во Демир Капија. Се работи за лице вработено во Гранична полиција, на возраст од 43 години.
Тој е на домашно лекување, се прави анализа на неговите контакти. Се инфицирал од негов колега.

Вики Клинчарова

Поврзани новости