Нови 464 случаи со Ковид-19, починаа 23 пациенти, најмладиот имал 40 години

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи со Ковид-19.

Најмногу има во Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по 2, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се 23 починати лица од кои 11 од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по три од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), две од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г). Од пријавените, 21 лице е починато во болнички услови и две се починати во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од: Скопје – 183, Гостивар – 43, Куманово – 27, Струмица – 22, Битола – 20, Кичево – 19, Штип – 15, Свети Николе – 13, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8, Ресен и Богданци – по 7, Делчево – 6, Неготино – 5, Радовиш и Кратово – по 4, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3, Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројот на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а на активни случаи изнесува 13.412.

Поврзани новости