Нови 1427 случаи на корона вирус во Хрватска, 34 починати пациенти

by Fokus

Во Хрватска во изминатите 24 часа се регистрирани 1.427 новозаразени и 34 починати пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Моментно во земјата има 14.079 активни случаи, од кои 1.191 е на болничко лекување, а на респиратори се приклучени 112 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се потврдени 54.087 лица заразени со новиот корона вирус, а досега починале 628. Вкупно излекувани се 39.380 луѓе. Во самоизолација моментно се наоѓаат 26.888 лица.

Поврзани новости