Нашиот евровизиски претставник Васил позитивен на вирусот, со „корона” торта славеше роденден

by Fokus

Музичарот Васил Гарванлиев, кој беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија 2020, е позитивен на корона вирус. Тој ја сподели веста со своите фанови, и појасни дека роденденот го прославил сам, во изолација во родната Струмица, со необична торта во форма на корона вирус, која му ја испратила мајка му.

Гавранлиев имал лесни симптоми, изгубил чувство за мирис и вкус, и вели дека не знае како се инфицирал, бидејќи ги почитувал мерките за заштита. Поради пандемијата со вирусот, беше одложена големата музичка манифестација Евровизија 2020, во месец мај во Холандија, каде тој требаше да не претставува со песната ,,You”.

Наредното, 65-то издание на Евровизија, веќе е закажано за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај 2021 година, во организација на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и националните холандски телевизии „НПО“, „НОС“ и „АВРОТРОС“. Македонија го потврди своето учество.

Претставници од 19 земји учеснички ќе настапат со истите музичари со кои планираа да се натпреваруваат во 2020 година, додека МРТ се уште се нема изјаснето дали Васил ќе биде нашиот претставник за 2021 година.

Поврзани новости