744
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нејзиниот безбедносен одбор ќе свика состанок на експерти на 29 март за да продолжи да ги испитува и проценува пријавените случаи на згрутчување на крвта поврзани со вакцината против Ковид-19 развиена од АстраЗенека и Оксфордскиот универзитет.
Се очекува надворешни медицински експерти и двајца јавни претставници да ги презентираат своите ставови за можните причини за згрутчување на крвта, како се појавуваат и други можни ризици, соопшти Европската агенција за лекови.
ЕМА веќе се изјасни за поддршка на безбедноста на вакцината на АстраЗенека, но некои земји спроведуваат и сопствени испитувања, пишува весникот „Гардијан“.