Нимиц: На мојот роденден денеска го добив најголемиот подарок, конечно решавање на спорот за името

by Fokus

Специјалниот медијатор Метју Нимиц по потпишувањето на договорот се обрати и нагласи дека денеска на неговиот роденден му е даден најголемиот подарок, односно по 24 години конечно решавање на македонско-грчкиот спор.

„Мојата работа е конечно завршена. Моите најблиски ме прашаа што да ми купат подарок за роденденот. Им реков денес не ми е потребно ништо, го добив најголемиот подарок – истакна Нимиц.

Тој додаде дека верува оти Договорот е во стратешки интерес на двете земји.

– Ми беше задоволство   што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор. Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг  период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот, изјави Нимиц на церемонијата на потпишувањето.

Поврзани новости