Митрески: Од изборот на граѓаните зависи иднината на државата

by Фокус

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска во Струга го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата. Тој порача дека од изборот на граѓаните зависи иднината на државата.

-Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија – изјави Митрески по гласањето.

Според него, овие избори не се обични туку, како што рече, се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.

Поврзани новости