До 18:30 гласале над 800 илјади граѓани

by Fokus

Денешната излезност на гласачите до 18:30 часот е 801.074 гласачи или 48,46%. Овие податоци се од 3174 избирачки места.

-Најголемата излезност е забележена во Новаци, додека најмала во Центар Жупа. Гласањето се одвиваше мирно и без поголеми инциденти на гласачките места. Уважени се 134 приговори и им е овозможено на гласачите да гласаат, информира првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Според него, нема пријавени поголеми инциденти, туку само настани на избирачките места со технички грешки.

Како што додаде Даштевски, следната прес-конференција на ДИК ќе биде за првите неофицијални резултати.

Поврзани новости