Возачот на Садула Дураку полнел гласачки кутии, обвини „Вреди“

by fokus

Возачот на Садула Дураку од ДУИ бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини Орхан Муртезани во „Вреди“ во изјава за медиумите за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.

-Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот во„з во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, обвинија од „Вреди“.

Поврзани новости