Николовски на средба со евроамбасадорот Гир: Претстои клучен период за интегративниот пат

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во рамки на Собранието денеска оствари средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, на која, како што соопштија од парламентот,  Николоски изразил надеж за ефикасна и континуирана соработка со официјалните претставници на Унијата.

Евроамбасадорот, Гир, пак, потенцирал дека државата треба сеопфатно и во континуитет да остварува прогрес во спроведувањето на реформите непходни за членство во ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ останува посветена на процесот на проширување.

Притоа, двајцата соговорници се обврзале на соработка во периодот којшто претстои, бидејќи, станува збор за  клучен период за евроинтегративниот пат на државата.

Поврзани новости