Шекеринска: Се нервирам кога гледам дека нема пресуда за главните организатори на 27 април

by Фокус

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вечерва на ТВ 21 изјави дека не може да поверува поради тоа што се уште нема пресуда за главните организатори за насилството на 27 април.

-И кога гледам дека  уште нема пресуда за главните организатори се нервирам. Која е казната, не само на оние кои влегоа во парламентот за да не убијат, туку за оние кои ги убедиле, ги организирале и им преставиле дека насилството е легитимно – рече Шекеринска.

Таа истакна дека сегашниот лидер на ДПМНЕ Христијан Мицкоски не може или не сака да излезе од сенката на неговиот претходник Никола Груевски.

-Гласавме за претседателот на ДИК (Даштевски), и знам дека на пратениците им се враќаа рацете кога гласаа. Но ние мораме да покажеме дека сме поразлични од нив и дека го почитуваме законот. И на тој тест ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ништо не се смени. Сега Груевски да се пресели и да е сокриен во зградата, истото ќе се случува – истакна Шекеринска.

Поврзани новости