Невзат Бејта се повлекува од политичката сцена

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, по завршувањето на вториот круг од локалните избори најави дека се повлекува од политиката.

Тој синоќа му ја честиташе победата на својот противкандидат Арбен Таравари.

Благодарам на поддршката, но мнозинството на граѓаните решија поинаку. Ние изгубивме и му ја честитам победата на мојот опонент. Ние како огранок ќе продолжиме со нашата политичка борба за идните генерации. Ние работевме за доброто на градот, но волјата на граѓаните беше поинаква и ти решија – истакна Бејта.

Неговиот наследник, новиот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари најави ревизија на работата на Бејта.

Поврзани новости