Жена од Гостивар се затрула со 40 таблети, завршила на скопските клиники

by Fokus

Педест и осумгодишната В.З. од Гостивар се затрула со 30-40 различни видови на таблети, информираа од МВР.

Според полицијата, на Ургентното одделение во гостиварската болница била донесена 58-годишната гостиварка В.З, која претходно испила, односно се затрула со 30 до 40 различни видови таблети. По укажаната лекарска помош, во неконтактибилна состојба, префрлена е на скопските клиники.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости