Богоев прати инспекции на поголемите градилишта низ Карпош

by fokus

Општина Карпош почна со контрола на сите поголеми градилишта на нејзина територијата по бројните реакции од страна на жителите, информираат од Општината.

„Станува збор за редовни контроли кои секојдневно ќе ги вршат градежните и комуналните инспектори од Општината на сите поголеми градежни објекти коишто со нивната реализација создаваат проблеми во секојдневната комуникација на граѓаните, било со отежнат сообраќај по коловозите, лош пристап и движење за пешаците, или со создавање прав и шут во непосредна близина на други станбени објекти“, велат од Карпош.

Од таму додаваат дека целта на инспекцискиот надзор  е да се констатира и увиди колку инвеститорите, односно изведувачите на градежните зафати ги почитуваат процедурите и правилата за градба и притоа внимаваат на заштитата на околината околу објектот.

Поврзани новости