Не би требало да има промени во Владата по конгресот на СДСМ, вели Заев

by fokus

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично. Имајќи предвид дека Владата е бирана лани на 1 септември не би требало да има измени.

Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт.

-Задоволен сум од вчерашниот конгрес, коментирав јавно дека не се лесни овие кадровски решенија. Давањето шанса на секој да се вгради и заблагодарувањето на некој што и досега се вградил се сериозни процеси коишто оставаат трага за мотивација на следни генерации да се борат да добијат шанса и да дадат свој прилог во унапредување на севкупниот квалитет на живот на Р.С. Македонија. СДСМ е сериозен чинител, најголем политички субјект кој во моментов ја има честа и одговорноста да управува со извршната власт, заедно со коалициските партнери. Верувам дека тоа ќе биде поттик на секој да се вгради политички и да помогне во процесите, потенцира Заев.

Поврзани новости