Пендаровски утре ќе се вакцинира во Куманово

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 14:00 часот ќе прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово, најавуваат од Кабинетот.

Оттаму објаснуваат дека Пендаровски одлучил да се вакцинира во Куманово за да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација во овој дел од државата.

Во Куманово се вакцинираше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а другите функционери, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се вакцинираа во Скопје во спортската сала „Борис Трајковски“.

Поврзани новости