Напаѓачи ослободија затвореници од нигериски затвор

by fokus

Тешко вооружени напаѓачи утрово упаднаа во еден затвор во централниот дел на Нигерија, разнесоа ограда и ослободија 266 затвореници, речиси сите што се наоѓале внатре, соопштија денеска властите.

Во нападот загинаа војник и полицаец, а двајца чувари се водат како исчезнати, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тоа е второ големо бегство од затвор во Нигерија оваа година.

Поврзани новости