Нападнат Дњепар – 20 ранети, меѓу кои и деца

by fokus

Во воздушен напад врз Дњепар во центарот на Украина синоќа се ранети 20 лица, од кои три потешко повредени се деца, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „напад на град“ лоциран во центарот на земјата.

-Во нападот се погодени две згради во станбен кварт на градот… За жал, има луѓе под урнатините, напиша Зеленски на Фејсбук.

Гувернерот на реонот на Дњепар Сергиј Лисак изјави дека во нападот се ранети пет деца, а според проценката на лекари состојбата на три од нив е многу тешка.

-Вкупниот број на ранети достигна 20, а меѓу нив 17 се префрлени во болница, изјави гувернерот и изјави дека спасувачите продолжуваат да трагаат по жртви под урнатините.

Фото: Архива

Поврзани новости