Најмладиот позитивен пациент на Ковид-19 од Кавадарци има 16 години

by Fokus

Најмладиот Ковид-19 позитивен пациент во Кавадарци е момче на 16 – годишна возраст. Тој е еден од четирите новорегистрирани случаи на вирусот во градот денес. Останатите инфицирани се на возраст од 18, 22 и 31 година.

Станува збор за две жени и двајца мажи. Според Центар за јавно здравје Кавадарци, сите се во добра состојба, на домашно лекување, а се утврдуваат нивните контакти.

-Две од новорегистрираните лица биле во контакт со веќе позитивни пациенти, едно лица е регистрирано како позитивно при скрининг, додека едно лице не знае од каде се инфицирало – информираат од центарот.

Со денешните пациенти, во Кавадарци има 35 активни случаи на Ковид-19, од кои најголемиот број се млади кавадарчани. Во денешниот билтен на Министерство за здравство се објавени три нови случаи во Кавадарци, а четвртиот, за кој резултатот бил добиен покасно, ќе биде внесен во утрешниот билтен.

Поради зголемениот број на млади позитивни лица, во градот се врши масовна дезинфекција во внатрешноста на сите локали и јавни површини.

Вики Клинчарова

Поврзани новости