Полициски претрес во Тетово: Уапсени двајца мажи

by Fokus

Тетовски полицајци заедно со скопски колеги од сектор за дрога привеле двајца тетовци по претрес утринава во нивните домови при што се најдени предмети кои потекнуваат од веќе случени и евидентирани кривични дела. Претресите во нивните домови се направени утринава од 6 до 8 часот со соодветна судска наредба.

-Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, при акција за сузбивање на групи и лица кои се бават со недозволена трговија со наркотични дроги, врз основа на судска наредба од Основен Суд Тетово, извршиле претрес во домот и помошните простории на Ф.Љ.(29), како и во домот на М.А.(31), двајцата од Тетово, соопштија денеска од канцеларијата за односи со јавност при СВР Тетово.

Двајцата по приведувањето се однесени во полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

Поврзани новости