Најмалку седум хоспитализирани на фестивал на борби со бикови во Памплона

by Fokus

На четвртиот ден од фестивалот Сан Фермин, за време на кој толпата трча по улиците на Памплона од биковите, имаше неколку повредени, а најмалку седум од нив се пренесени во болница.

Како што пренесува Sky News, фестивалот во Памплона трае девет дена, за време на кој илјадници луѓе се собираат на улиците на тој град за да избегаат од дивеењето бикови, по што биковите се упатуваат во арената каде по борбата со матадорот ги убиваат, освен во ретки случаи, кога се проценува дека бикот „се борел со исклучителна вештина“.

Активистите за права на животните од ПЕТА годинава пред фестивалот водеа кампања против традицијата со облекување црвени наметки со рогови.

Поврзани новости