Најчевска и Пировска казнети со по 50 евра што фрлале боја

by Фокус 09:12
09:12

Професорката Мирјана Најчевска и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет се казнети со по 50 евра затоа што фрлале боја во текот на протестите на Шарената револуција.

Професорката Најчевска рече дека нема да ја плати казната и додаде оти се надева дека ќе биде помилувана од претседателот Ѓорге Иванов.Таа дури го бојкотираше распитот во полициската станица и испрати само адвокат да ја застапува, но затоа учествуваше во боењето на полициската станица.

- Advertising -
По распитот Пировска изјави дека го признала делото, но не го потпишала платниот налог, бидејќи според неа учеството и фрлањето боја на протестите е легитимно право на граѓаните за изразување револт.

Поврзани новости