ДОМ: Скандалозни политички притисоци врз Калајџиев, Пировска и Најчевска

by Фокус

ДОМ ги смета за неприфатливи и скандалозни политичките притисоци врз активистите од Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најчевска.

– Очигледни се намерите преку политички монтирани процеси да се заплашат граѓаните и активистите што се во одбрана на демократијата, човековите права и слободата на граѓаните на Македонија. Со нивните сослушувања и бесмислени казни директно се газат уставно гарантираните права и слободи. Конкретно, се гази членот 16 од Уставот на РМ, со кој се гарантира слободата на уверување и јавно изразување, слободата на говорот и јавниот настап. Но, се гази и членот 20, кој ја гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на политичките, економските, социјалните, културните и други права и уверувања – велат од партијата.

Поврзани новости