Набавката на респиратори е завршена, тие ќе пристигнат од Германија и Јужна Кореа

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција информираше дека завршена е постапката за набавка на респираторни машини, најавувајќи ги сите детали во текот на утрешниот ден.

-Тендерот го добија две компании. Едната носи респиратори од Јужна Кореа, а другата од Германија. Утре сите детали ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за здравство – истакна Филипче.

Тој додаде дека во финална фаза е постапката за лечење со антитела, што, според него, е побарано како донација од јапонската амбасада.

Поврзани новости