Филипче: Очекувам до 2.500 заболени, утре ќе донесеме одлука за Куманово

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека очекува околу 2.000-2.500 заболени од Ковид 19. Тој и вечерва апелираше граѓаните да бидат дисциплинирани, да не се групираат и строго да се придржуваат до мерките за заштита.

-Очекуваме добри резултати периодов од рестриктивните мерки. Ова е втор изолациски викенд, следниот ќе биде трет, поради што очекуваме да видиме резултати од сето тоа – рече Филипче.

Воедно, тој информира дека Комисијата за заразни болести утре во 8:30 часот на состанок ќе го разгледа барањето за воведување карантин во Куманово.

-Прашање е колку оваа мерка би била ефикасна, со оглед дека околу 4.000 жители на Куманово работат во Скопје и патуваат секој ден – посочи Филипче.

Исто така, министерот истакна дека ако има потреба сите 18 пациенти од инфективното одделение во Куманово ќе бидат префрлени во Скопје, но засега, според него, нема потреба.

Поврзани новости