На крајот на декември се очекува да биде одобрена вакцината против корона во Германија и ЕУ

by fokus

Вакцинацијата против коронавирус во Германија и Европската унија ќе започне неколку дена по одобрувањето на вакцината од регулаторот, што се очекува околу крајот на декември, изјави денеска на прес конференција германската канцеларка Ангела Меркел.

Европската агенција за лекови објави дека одлуката за одобрување на вакцината најверојатно ќе биде донесена до 29 декември.

– Ние сакаме тоа да се направи внимателно, без политички притисок, затоа ќе мора да почекаме, рече Меркел.

Веднаш по издавањето на дозволата, ќе започне испораката на вакцината во сите европски земји и во јануари ќе може да се започне со вакцинација, објасни таа.

Поврзани новости