На 31 март пресуда за Владимир Талески обвинет во „Транспортер“

by fokus

Откако обвинителството и обвинетите ги кажаа завршните зборови на судењето за случајот „Транспортер“, судијката Добрила Кацарска за на 31 март ја закажа пресудата за еден од случаите на сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство којшто сега е во надлежност на редовното обвинителство.

Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости