Авалон ги одложи концертите на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам

by fokus

Иако публиката во овој месец требаше да се забавува и пее на Жељко Бебек, Електрични Оргазам и BOND, Авалон Продукција реши да ги одложи концертите по новите два заболени од корона вирус.

„Почитувани пријатели,
Со оглед на новонастанатата ситуација и мерките донесени од Владата коишто се поврзани со Корона вирусот, сакаме да ве информираме дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам се ОДЛОЖУВААТ и континуирано работиме за да обезбедиме нови дати за концерти во месец мај.

Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот“, соопштија од Авалон.

Поврзани новости