Состојбата со корона вирусот во соседна Србија не мирува. Во Ваљево од почетокот на епидемијата, па се до крајот на мај биле регистрирани 196 позитивни случаи, а во изминатите 19 дена бројот се зголемил дури за 120 лица.
Според извештајот на Завод за јавно здравје во Ваљево, кој е објавен денес во тамошните медиуми, инфицирани членови на музички бенд ја прошириле заразата дури на 25 лица, а голем број на гости на приватните забави каде настапувал бендот, завршиле во изолација.
Четири лица кои во Ваљево работеле како фотографи на разни прослави, исто така биле инфицирани со Ковид-19.
Просечната возраст на заразените била 39 години.
Кај нас изминатиот период во Штип и Битола се одржаа протести од страна на музичари, фотографи и угостители, кои за себе велат дека се свадбарски работници и бараат да се даде зелено светло за одржување на свадби, бидејќи им е загрозена егзистенцијата.
Овој викенд пак, голем број на наши фолк пејачи на своите страници споделија фотографии и видео клипови од настапи во угостителски локали, информирајќи ја јавноста дека почнале со гостувањата во живо.
Вики Клинчарова