680
Верниците да ги почитуваат мерките кога ќе одат на гробишта за претстојната Духовденска Задушница, апелираат од Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
-Препорачуваме гробовите да се посетуваат само од најблиските, споменот да се изрази преку молитвениот чин, извршен од страна на свештено лице, а воедно апелираме и да се носат потребните заштитни средства, придржувајќи се на веќе дадените упатства, велат од МПЦ-ОА.
Од Синодот истакнуваат дека Христијанството е вера во чија основа се љубовта, грижата и жртвата кон ближните, па затоа го повикуваат верниот народ, и во оваа пригода да придонесе во заедничката борба против заразната болест и за општото здравје на сите.