„Мош“ има рок од 48 часа да го испразни објектот-ДПИ му испрати кривична

by fokus

Државниот пазарен инспекторат денеска му ја испрати кривичната пријава на угостителскиот објект „Мош“ каде изминатиов викенд имаше концерт без почитување на здравствените протоколи и има рок од 48 часа да го испразни објектот.

Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски на прес-конференција во Владата информираше дека минатиот викенд поднесено е решение за затворање за пречекорување на работното време, а во вториот случај за непочитување на протоколите за што има и кривична пријава. Тој нагласи дека ДПИ постапува неселективно.

-Токму затоа се измените во законските решенија за ДПИ и полицијата, не само да направат записник туку истиот правен субјект да може да биде испразнет да не се пренесува зараза и да добие решение за затворање и парична казна. Со пондесувањето на кривичните пријави видовме дека има доста пропусти направено, рече Пауновски.

Информираше дека за контролата на угостителскиот објект од минатиот викенд решението е доставено и предметот ќе биде затворен. Локалот, рече тој, има 48 часа да ги извади сите материјали и стоки кои се расипливи за да не дојде до поголема штета на субјектот.

Поврзани новости