Четворица починати од Ковид во последните 24 часа

by fokus

Во последните 24 часа во болнички услови починале четворица пациенти заразени со Ковид-19. Еден пациент на педесет и деветгодишна возраст од Скопје, шеесет и петгодишен пациент од Струга и двајца пациенти од Гостивар на возраст од 71 и 76 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости