Момче од Скопје загина во сообраќајка на Халкидики

by fokus

Дваесет и двегодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 6.30 часот по локално време во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал, „Халкидики њуз“.

Сообраќајната несреќа се случила на патот Полихроно-Ханиоти, каде 22-годишниот возач под засега неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Младиот човек кој дошол на годишен одмор на Халкидики починал веднаш на местото на несреќата, а 21-годишниот совозач со повреди бил пренесен во болница.

Поврзани новости